ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Прилеп го донесе буџетот на Општината за 2018 година без присуство на опозицијата- Како буџетото ќе се реализира во наредната година ?

Буџетот за идната година е 1.135.906.000,оо

799

 

Буџетото на општина Прилеп за 2018 година тежи 1.135.906.000,оо денари.Тој е помал од минатата година за 5% .

 „Ние како одговорна локална самоуправа предвидидовме буџет врз основа на приходите кои ги имаме и кои планираме да ги прибавиме се цел да имаме реален буџет кој ќе се темели на реални основи и кој ќе биде исклучиво во интерес на грѓаните. Во овој буџет се намалени оние ставки кои не се од капитално значење, кои се од неприходно значење за граѓаните на Опшина Прилеп и  во делот на расходните, ставките драстично се намалени ,а  акцентот е ставен во капиталните проект“ –  истакна Претседателот на Советот на Општина Прилеп, Миле Талевски.

 

Оваа година донесовме развоен буџет во еден дел, а во другиот дел треба да ги вратиме дологовите према добавувачите, кои досега биле направени. Буџетот за идната година е 1.135.906.000,оо  од него,  основниот буџет е 427 милиони денари . Развоен е буџетот бидејќи предвидовме доста средства за изградба и реконструкција на улиците во Прилеп , 68,5 милиони денари.

Вторио дел е ободниот канал во Варош за кои се издвоени  10 милиони денари од буџетот ,16 милиони денари се за реконструкција и изградба на речното корито на Градската река, 12 милиони денари за набавка на нови автобуси за градскиот превоз, автобуси кои ќе возат на метан-гориво , со што  ќе се намали порошуваката за гориво и ќе се подобри  животна средина“- рече градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски кој пред советниците го образложи буџетот за наредната година .

Во Буџетот се предвидени и средства за развој на економските зони. Оддвоени се 5 милиони денари за спортски клубови и поединиц, спортски здруженија, спортисти, како и пари за настани од културата.Намалени се средствата за манифестацијата “Пивофест“каде што ќе имаме нова комплена организација од страна на локалната самоуправа.

                                      Именуван нов командир на ПС Прилеп

На 6-та седница на Светот на Општина Прилеп ,последна во 2017 година,  советниците со 16 гласови „за“ го изгласа Киро Спиркоски за нов командир на прилепската полиција, на местото на досегашниот ,Александар Стојаноски, а беше усвоен и  предлогот за именување на членови на Општинскиот Штаб за заштита и спасување .

               На последната седница за оваа година,советниците не ги усвоија кварталните извештаји на ЈКП на ЈУ Дом за стари лица „Киро Крстески Платник“ и ЈУ детски градинки „Наша иднина“.Одличија  за 50% помалку да го намалат досегашното субвенционирањето на ЈКП под налдежност на ЛС. Тие ја усвоија предлог програмата и финасиската програма на ЈП за ПУП за 2018 година и дадоа согласност за начинот на распределба на средствата во СОУ „Кузман Јосифоски-Питу“, „Орде Чопела“ и „Ристе Ристески-Ричко“.Го усвоија годишниот план за вработување во локалната самоуправа, а беа решени прашања  од убанистички карактер ,кои со законот за легализација на бесправно изграден објекти , им беше излезено во пресрет на граѓани во усвојување на е нивни предлози доставени до Советот.

 

Одлуките донесени без

      присуство на Советниците на ВМРО ДПМНЕ

           Советничката група на ВМРО ДПМНЕ  при Советот на Општинна Прилеп на почетокот ја напушти седница на кој се носеше буџетото на Општина за 2018 година и не присусуваше на расправата ,во знак на револ. Како што истакна кординаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ , Петар Ристески неучеството на седниците на Совет е „во поддршка на  граѓаните – патриоти кои го бранеа Уставот на Р. Македонија на 21-ви април 2017 година. Советничката група на ВМРО ДПМНЕ и понатму ќе продолжи да не учествува во работата на Советот на Општина Прилеп се додека овие граѓани-патриоти се наоѓаат во притвор и се под прогон на сегашната власт“- рече тој. Од опозицијата, на седницата остана само советникот  Адеми, кој постави неколку прашања поврзани со проблмите на населбата Тризла 2

                           

                          Совет без опозиција, не е во духот на демократијата !                                     

       „Жалам што опозицијата излезе од Советот. На предходната седица кога најавија дека ќе ја напуштата седницата, јас како претседател на Советот на Општина Прилеп ги повикав да се вратат. Тие дојдоа на денешната седица, но поради неразбирливи причини, ја напуштија.

   Уште еднаш апелирам и ги повикувам да се вратат во Советт на Општина Прилеп, бидејќи нив граѓаните ги избрале да бидат одговорни советници, да ги заштитуваат нивните интереси, а не да се однесуваат деструктивно на седниците , осовено не кога се носи највисокиот акт во интересн на граѓаните на Општина Прилеп, буџетот за наредната 2018 година. “ – рече Претседателот на Советот на Општина Прилеп, Миле Талевски.

 

 

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: