ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Светот е убав -порачаа со песна и игра учениците од ООУ „Кочо Рацин“ (ГАЛЕРИЈА)

Седми ден училишни смотри

911

Учениците од ООУ Кочо Рацин навистина покажаа и докажаа дека светот е поубав со песна и игра на својата завршна приредба во рамките на седмата вечер од на училишните смотри. „Светот е убав кога пееме и играме“ беше мотото на програмата која опфати изведби на учениците од сите возрасни групи од прво до деветто одделение.
Презентирани беа танци и музички перформанси, рецитали, драмски изведби, како и неизбежниот модерен балет. Инаку, гордост на ООУ „Кочо Рацин“ се талентираните ученици за пеење и токму затоа беше изведен и мјузикл. Вкупно низ 17 точки на сцената на Центарот за култура Марко Цепенков во кои се претставија околу 250 ученици од ова основно училиште, а публиката уживаше во секоја минута од програмата.
Погледнете дел од програмата низ фотографии:

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: