ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

СВР Битола со препораки за престојниот Пиво фест: да нема точење алкохол на малолетници, да се внимава на паричниците…

Препораки и совети од СВР - Битола за престојниот Пиво Фест 2022

496

Секторот за внатрешни работи Битола ги известува граѓаните дека од 14.07. до 17.07.2022, за време на одржување на манифестацијата „ПИВОФЕСТ“ 2022, на подрачјето на градот Прилеп ќе воведе посебен режим на сообраќај заради безбедна реализација на планираните активности на фестивалот. Централната манифестација ќе се одржи на дел од бул. „Гоце Делчев“, од крстосницата со ул.„Кузман Јосифовски“ до крстосницата на ул.„Прилепски бранители”.

СВР Битола апелира до сите учесници во ообраќајот да ја почитуваат сообраќајната сигнализација од страна на полициските службеници, а жителите на градот Прилеп да ги користат поретко своите возила заради одржување на поголема безбедност и непречено одвивање на сообраќајот.

СОВЕТИ И ПРЕПОРАКИ

Во интерес на безбедноста на сите граѓани на престојната манифестација,  Секторот за внатрешни работи Битола ги упатува следните совети и препораки:

 Доколку се консумира алкохол, да не се управува со
никакво превозно средство;
 Возилата да се паркираат на безбедни и означени места и
да се следат упатствата на службите за паркирање и
насоките на полициските службеници;
 Во автомобилите да не се оставаат вредни предмети, посебно
не на видливо место, бидејќи тоа може да предизвика
поголемо внимание на крадците;
 Да се внимава на паричниците и на мобилните телефони за да
не дозволите да станете жртва на кражба;

СВР Битола укажува дека не е дозволено пукање со оружје, употреба на пиротехнички средства, учество во физички пресметки, предизвикување или поттикнување друг на физички напад, оддавање на пијанство на јавно место или нарушување на јавниот ред и мир во алкохолизирана состојба.

Исто така, јавноста се потсетува дека забрането е уживање на опојни дроги и психотропни супстанци, како и точење на алкохол на малолетници –  се вели во информацијата на СВР Битола

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: