ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Во тек јавниот оглас за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија, кој може да аплицира?

502

 Во наредните 30 дена може да се аплицира на јавниот оглас од Министерството за економија за намалување на трошоците за потрошена електрична енергија.  Јавен оглас е објавен денеска на следниот линк https://www.economy.gov.mk/doc/3070 . Доделувањето на финансиска поддршка на лицата со ниски примања во 2022 година чии редовни месечни примања во домаќинството не го надминуваат нето приходот од 30.000 денари се следните :

– самец до 15.194 денари;
– домаќинство со два члена до 18.000 денари;
– домаќинство со три члена до 21.000 денари

– домаќинство со четири члена до 25.000 денари; и
– домаќинство со пет члена и повеќе до 30.000 денари

Станува збор за вкупна помош од 600 до 800 денари месечно во период од 12 месеци, во зависност од примањата и бројот на членови во семејството. Целта е да се обезбеди заштита на ранливи потрошувачи на енергија, согласно Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2022 година.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: