ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

БОБАН АЛЕКСОСКИ – актер, кој плени со својата енергија – Предлог бр. 5 на Радио Пела за најпрестижната општинска награда “3-ти Ноември„-

38.960

Потребно е да допреш до седиштата, зашто само аплаузот може да го стопле срцето на актерот

 „Да си ја отвориш душата на сцена не е лесно, но е најубавото нешто што може еден актер да го доживее ….таму во прилепскиот театар ја запознав миризбата и ги споив сите сетила со таа уметност„ ќе рече,дипломораниот млад актер, Бобан Алексоски, кој прилепската публика го запозна ,пред некоја година, по еднен интерсен театарски проект , монодрама „Дневникот на лудиот“ – изведена на Театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински, и оттогаш неостана не забележан од публиката, медиумите, кои ја следат, во чекор, неговата работа.

Ќе ве освои со својата хризма, со својата верба во актерство како благородна професијата која го воздигнува човечкото битие. Тој е момче кое се бори да ја потврди важноста на оваа уметност- театарот . Умерен, но вреден! Едноставен, но различен. Смирен, но неуморен. Амбициозен и боребен, професионален до крај. Таков е  БОБАН АЛЕКСОСКИ  –  актер, кој плени со својата енергија.

Бобан како млад актер во прилепскиот театар , како “последното џуџе Носле” во „Снежана и седумте џуџиња„, па до денеска ужива во секој свој театарски лик и живее за секое театарско дело. Ултра продуктивен кон културата , Бобан го реализираше својот театарски сон, отвора свој приватен театар „Златен Елец„ и не уморно работи, содавајќи неколку театарски прстави и учестувајќи на бројни фестивали. Пандемијата нему „не му стои на пат“. И, за време на карантинот не уморно, преку програмата на Радио Пела, ја анимираше слушателстака пулика со своите театарски реплики, а при секој разговор, е горд што е од Прилеп и што го „испечил“ актерскиот занает во најдобриот македонски тетар,„Војдан Чернодрински“- Прилеп.

Неодамна публиката започна да го гледа и на екранот, во новиот серијал на македонски народни приказни, со што потврди дека со силата на љубовта кон она што го работиш можеш да бидеш и цар, и просјак , и луд ,и мудар, и тажен и весел…

Многу е важно да го сакаш она што го работиш, а во исто време и да уживаш во тоа , зашто сепак енергијата треба да допре до седиштата, од каде со сигурност ќе го слушнеш крајниот епилог, а аплаузот на публиката е оној кој го стоплува срцето на секој  актерот. Ете, една таква “актерска фигура” е и Боби кој успешно го трасира својот пат , патот до уметноста, филмска  и театарскиа,  до совршенството во неа.

Мото:Потребно е да допреш до седиштата, зашто само аплаузот може да го стопле срцето на актерот

Според законот за авторски права ,не е дозволено преземање на оваа содржина, ниту реченица ниту пасоси од неа, без дозвола од редакцијата . Во спротивно би решавал Основниот суд Прилеп

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: