ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Изложба на дела од ликовните манифестации на ЦСЛУ

590

Во изложбениот салон на ЦК„Марко Цепенков“ утре со почеток во 19.30 часот ќе биде отворена изложба на дела од ликовните манифестации на ЦСЛУ 2018. Љубителите на уметноста ќе имаат можност да ги проследат делата на ликовни уметници од Прилеп, учесници на Уметничко лето ЦСЛУ-Прилеп 2018, како и на Интернационална сликарска колонија од 1957 година, Интернационален скулпторски симпозиум во мермер „Мермер“ од 1963 година и Интернационално атеље за склуптура во метал од 1984 година.

– ЦСЛУ-Прилеп покажа дека има квалитет, компетентност и традиција да носи големи имиња. Морам да нагласам дека огромно е задоволството што склупторите учесници во Интернационалниот скулпторски симпозиум во мермер „МЕРМЕР“ и Интернационалното атеље за скулптура во метал оставија дела кои на очигледен начин ја отсликуваат нивната креативност, оргиналност и иновативност.
Во однос на Интернационалната сликарска колонија, посебно не радува огромниот одзив на прилепските сликари, во кои како наново да се возобнови идеајата дека повторно, сите заедно сме доволно силни да го вратиме приматот на претпознатлив уметнички град, кој иницирира и град кој поворно може да се протвори во атрактивно место за живеење и творење, вели Јана Јанеска Ристески, претседател на Уметнички совет на ЦСЛУ-Прилеп.

Од 1957 година со формирањето на првата Интернационална сликарска колонија (една од најстарите во Југо-Источна Европа), па се до денес има континуирано ликовно творештво кое низ текот на годините Центарот за современа ликовна уметност успешно го негува и промовира преку формирање на нови Интернационални ликовни работилници (студија за уметничко изразување преку различни материјали и форми), атељеа за скулптура во мермер, метал, дрво, керамика, пластика, мозаик, графика, витраж, уметничка фотографија, mail art, street art и body painting art. Во текот на своето 62 годишно постоење ЦСЛУ-Прилеп токму преку овие работилници создаде повеќе од 1200 различни уметнички дела од уметници од повеќе од 50 држави од светот.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: