ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Многу книги малку читачи – Со цвет и книга одбележан Светскиот ден на книгата- Прилеп

663

Ден за нова книги,  нов наслов и нови приказни, денеска 23, април , е Светски ден на книгата.Цивилизацијата ,велат , се мери по книгите, не по пирамидите, војните или фудбалот. Но денес ,мора да признаме има толку многу книги , а толку малку време за читање книга. Нашето литературно израузување е најчесто преку социјалните мрежи, а нашето читање е поврзано со цитати напишани и пренесени преку најголемата социјална мрежа facebook.Толку! Toa  за многумина денес е „читање“.

По повод денешниот,  Светскиот ден на книгата и авторското право, во градската библиотека „Борка Талески“ се оджа литературно читање. Се пренесуваа стихови од млади литературни автори,од ООУ Климент Охридски и од Здружението на писатели и поети од Прилеп  и се дискутриаше за значењето на книгата, а низ сето тоа младите вљубеници во книгата и поезијата  ги водеше библиотекарот , д-р Наде Караџоска. Така, денеска во Прилеп се одбележа Денот на книгата  кога традиционално се упатува порака од УНЕСКО, но и од сите земји што го одбележуваат овој ден. Оваа година македонската порака ја напиша режисерот Милчо Манчевски, а таа заедно со онаа од генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле, зброва за книгите која му помогнале да си врати рамнотежата и да си го најде местото во светот.

 

 

Со цел да ве поттикнеме денеска да прочитате некое дело, кое ќе Ви отвори ,можеби, нови видици  и можности,или ќе Ве натера да прочитате нова книта,  ви пренсуваме неколку цитати за книгата:

„Книгите се уникатна, преносна магија.“
„Во тоа е магијата на книгата – ти дозволуваат да патуваш без да ги поместиш стапалата.“
„Книгите се огледала – во нив го гледаш она што го носиш во себе.“
„Најдобар пријател ми е личноста која ќе ми даде книга која не сум ја прочитал.“
Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: