ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Роковник за промена – Нови регистарски таблички “NMK” за 4 месеци, нови табли за институциите на централно и локално ниво, нови пасоши, нови банкноти….

687

Знамето на НАТО почна да се вее пред Владата додека согласно договорот од Преспа кој и официјално стапи на сила, од денеска старите табли на граничните премини ќе се заменат со новите на кои ќе пишува Република Северна Македонија на три јазици.

На владиниот веб сајд промената Република Северна Македонија,  веќе е направена, а во соопштение во врска со  одлуки за  потребните мерки и активности за извршување на обврските на Република Северна Македонија стои дека

Царинската управа во рок од 3 дена треба да стави налепници на таблите на граничните премини, државната граница на Република Северна Македонија и на двата аеродроми во Република Северна Македонија,

Во рок од 7 дена ќе се изработат графички стандарди со која ќе утврди стандарди за визуелен приказ на уставното име Република Северна Македонија во склоп со државниот грб како лого кое го користат државните институции за јавните табли на влезот од сите институции.

Генералниот секретаријат во рок од 7 дена треба да изготви и софтвер кој ќе ги содржи сите институции од државно и локално ниво, како и димензиите на јавните табли, за промената на сите табли, на централно и локално ниво,а тоа треба да се заврши во рок од 4 месеци.

Во рок од  3 дена сите институции треба  да извршат промена на сите дигитални записи (логoа, меморандуми, електронски комуникации, веб страни, медиуми итн.) треба соодветно да ги изменат меморандумите, печатените материјали, папките, индикаторите…

Во рокод 4 месеци ќе бидат замнети и регистарските теблички на автомобилите со  ознака „NMK” .Издавањето на нови пасоши треба да започне од крајот на 2019г., a  во ОВОЈ  преоден период, МВР при излез, од, или влез ,во. Република Северна Македонија, во  патните исправи ќе  става печат, со кој ќе појасни дека патните исправи припаѓаат на Република Северна Македонија.

Првите нови банкноти со новото име на Народната банка би можеле да бидат изготвени на почетокот на 2020 г. и потоа, сукцесивно,ќе бидат целосно заменети најдоцна во рок од 5 години од отворањето на релевантното ЕУ поглавје.

Сообраќајните знаци на меѓународните патни правци во земјата треба да бидат промениет во рок од 2 месеци, а во рок од 6 месеци треба да се направи преглед и ревизија на статусот на спомениците, јавните згради и инфраструктура и доколку се однесува на античката хеленска историја и цивилизација како дел од историското наследство на Грција,за  да се преземат соодветни корективни мерки и активности.  Во рок од 6 месеци, трева да се пристапи и кон отстранување на симболот истакнат на поранешното национално знаме од целиот јавен простор и јавна употреба.

Ови напомени стои во соопштението на web странатa од Владата во кое се  вели: „Меѓуресорската работна група за извршување на обврските од Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните, ги донесе следните одлуки во врска со потребните мерки и активности за извршување на обврските на Република Северна Македонија по влегувањето во сила на Конечната спогодба и Уставните амандмани и Уставен закон на 11 јануари 2019, денес на 12 февруари 2019, со индикативни временски рокови за нивна реализација“

 

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: