ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Витаминка донираше 1100 книги во детскиот оддел на градската библиотека

409

Kомпанијата АД Витаминка донираше  1100 книги, 150 наслови од домашни и странски автори,во одделот за деца во ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески“-Прилеп.  Најголем дел од книгите се лектирни изданија , но за вљубениците во пишаниот збор „Витаминка“ обезбеди и детска белетристика и енциклопеции за деца.  Ова е прва донација на книги на Витаминка и со неа компанијата само ја повторува својата  опшествено одговорна улога која ја гради со децении, на различни полиња со цел подобрување на опшественото живеење на граѓаните.

АД Витамина како компанија која ги следи опшествените состојби во околината, со оваа донација одлучи да ја поттикне едукацијата кај младите и да ја подигнеме култура на читање книги за читателите да го гледаат и следат светот низ призмата на книгата.  И , во иднина ќе настојуваме да донирме книги и да ја збогатуваме литература со нови содржини кои ќе бидат во интерес на вљубениците на пишаниот збор и на младата читателска публика. Веруваме дека овој начин, преку популаризирање на културата на читање и создавање понуда во библиотеката од наслови и содржини кои одговараат на тековните интереси и преокупации на младите и на сите нас, ќе успееме да ја поттикнеме љубовта кон книгата и кон убавиот збор  „- рече  Симона Симоноска, шеф на маркетинг на АД Витаминка

„Како компанија сакаме да го поттикнеме читањето.  Знаеме дека прилепчани се љубители на книгата, ја посетуваат градската библиотека и се одлчни читатели , па целта е традиција да продолжи и со најмладите. Донацијата е во висина од 160 илијади денари, а изборот на авторите и насловите е направен во координација со библиотеката и според потребите од жанрови и изданија. Меѓу донираните наслови застапени се странски автори како Џ.К. Роулинг со серијалот Хари Потер, како и други од светската белетристика, а од домашните меѓу авторите се Горјан Петрески, Ванчо Николески, Велко Неделкоски…„-  истакна  Душица Неделокоска од маркетинг службата на  „Витаминка„
„Ова  заначи реално збогатување на книжниот фонд на библиотеката. На вакво начин им помагаме на учениците да можат  што полесно да дојдат до бараната литература и  и од името на нашите читетели и’ сме неизмерно
 благодарни на  Витаминка како опшествено одговорна компаниј. Инаку, ЈУ Градска библиотека „Борка Талески„ располага со над 140 илијади библиотечни единици, шо е вредна и значајна поставка. Имаме литература пред 7о години,од постоењето на гиглиотеката,  за кој неважи епитетот „стар„, туку „ вреден„,, а поставката се зголемува секоја година. „-  рече Моника Талеска,  директор на градската библиотека „Борка Талески„

Донацијата на книги беше повод да му се даде поголема  посветива во  афирмацијата на македонскиот јазик и книжевност,  при што ученици од основните училишта во Прилеп,  рецитираа песни од македонски автори.
Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: