ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

ОД ПОЛИЦИКИОТ БИЛТЕН: Пронаден затвореник и вратен во затвор- снаата ја напднала свекрвата- лице каснато од куче скитник

496

Денеска (08.11.2022) во Прилеп, полициски службеници од СВР Битола – Полициска станица од општа надлежност Прилеп го лишиле од слобода Е.М.(28) од Прилеп. Тој бил баран по потерница по наредба на Казнено-поправната установа Затвор Куманово за доиздржување на казна затвор од две години и два месеци за сторени повеќе кривични дела „тешка кражба“ и „разбојништво“.

Лицето ќе биде спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Куманово за доиздржување на затворската казна.

ФИЗИЧКИ НАПАД ВРЗ ЖЕНИ ВО ПРИЛЕП И КРУШЕВО

На 07.11.2022 во ОВР Прилеп, В.Ј.(46) од Прилеп пријавила дека на ул.„Тризла“ во Прилеп била физички нападната од женско лице Н.Б. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 07.11.2022 во ОВР Крушево, 55-годишна жена од крушевско село пријавила дека била физички нападната од нејзината снаа за син. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

КАСНАТ ОД КУЧЕ

На 07.11.2022 во ОВР Прилеп, И.С.(20) од Прилеп пријавил дека на крстосницата од ул„Кузман Јосифоски“и ул„Егејска“ во Прилеп бил каснат од куче скитник.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: