ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Која е граѓанската иницијатива што ќе учествува на локалните избори во Прилеп?

827

Вечерва се одржа промоција на првата граѓанска иницијатива под слоганот „Че вреди“ која што ќе учествува на претстојните локални избори со независен кандидат за градоначалник и независна советничка листа. Пред новинари и граѓани се претставија Жарко Стеваноски, независниот кандидат за градоначалник на оваа иницијатива и Дарко Конески носителот на листата за советници.  

Стеваноски: За 30 години единствено што научивме е – како да се стане роб!

– Мотивите за еден ваков чекор граѓанската иницијатива „Че вреди“ ги влече од 30 те години независност и ваков повеќе партиски систем кој што на граѓаните во Прилеп освен еднаквост и знак на еднаквост помеѓу владеењето и остварување на личните интереси, не покажале ништо. Единствено што на нам граѓаните ни покажале овие две политички партии, ВМРО и СДСМ е тоа како се станува роб во сопствената држава. Веќе 30 години сме начисто дека без партиска книшка нема вработување, дека без партиска поддршка нема напредување, дека без партиската милостиња нема егзистирање и гол живот за граѓаните. Сведоци сме на тоа дека цената која граѓанинот за да го постигне таквиот живот е превисока, а условите се потценувачки затоа што не’ тераат при очи да бидеме слепи, а при уши да бидеме глуви. Едноставно не’ тераат да бидеме послушни. Затоа, како граѓанска опција одлучивме да ја бараме поддршката од прилепчани на следните локални избори и се надеваме дека прилепчани, како низ историјата, така и сега, ќе покажат пркос против партиските стеги на ВМРО и СДСМ – партиите близначки, кои ништо ново не донесоа во 30 години независност. Се надеваме дека ќе ја добиеме можноста да покажеме дека нема да дозволиме партиските локални шерифи да ни бидат репер за успешно водење на локалната власт. Сметам дека Прилеп тоа го заслужува и дека единствен начин да покажеме дека можеме да ја постигнеме целта е нашиот избор кој треба да го направиме во октомври. Затоа ги повикуваме сите независни, неопределени, самоизградени личности да не’ поддржат во оваа наша иницијатива и заедно да го направиме Прилеп подобро место за живеење, рече Жарко Стеваноски, кандидат за градоначалник од граѓанската иницијатива „Че вреди“.

Граѓанската иницијатива е нешто ново во однос на досегашното владеење во Прилеп,потенцираше Дарко Конески, меѓу другото и заради тоа што програмата ќе се создава според потребите на граѓаните, а отворен е и повикот за учество на листата за советници и волонтери.

Конески: Нашата програма за развој на Прилеп ќе биде подготвена со сите наши сограѓани

– Во изминатите 30 години се потрвди дека Прилеп предводен од досегашните структури од ВМРО иСДСМ наместо да го зајакнат и унапредат градот да обезбедат подеднаков третман на граѓаните да ги зајакнат механизмините на контрола преку кои ќе се овозможи транспарентност, демократија, стабилност и економски развој – Прилеп го претворија во дувло на партиски послушници преку кои го остваруваат единствено својот личен интерес и интересот на поединци кои што се во тие партии. Советот на Општина Прилеп е продолжена рака на партијата на власт, составен од партиски послушници кои немаат слух за реалните потреби на граѓаните. Едноставно, Советот претставува машинерија која што исклучиво работи на пополнување на партиските агенди и личните интереси на поединците. Нашата програма за развој на Прилеп ќе биде подготвена со сите наши сограѓани и таа ќе претставува патоказ за тоа како сакаме да го видиме Прилеп после 4 години. Секој наш сограѓанин кој што сака да учествува во оваа наша програма може да го направи на нашата фејсбук страна „Че вреди“ и на контакт меил адресата [email protected]. Советничката листа исто така ќе ја составиме во соработка со нашите сограѓани. Сите оние кои сака да биде дел од оваа иницијатива, сака да биде на нашата листа на советници, или да бидете волнтери во спроведувањето на кампањата, можете да се пријавите на нашата фејсбук фан страна и на меил адресата. Ќе ми биде чест на следните локални избори, заедно со кандидатот за градоначалник Жарко Стеваноски да ги презентираме проектите преку кои Прилеп ќе го направиме место во кое секој ќе посака да ги израсне своите деца и да ја погледне својата иднина, рече Конески, носител на кандидатска листа за советници.

Жарко Стеваноски и Дарко Конески се поранешни партиски активисти од редовите на владеачката СДСМ, а одговарајќи на новинарски прашања зошто се одлучиле на ваков чекор, нивниот став е дека „и двете политички партии имаат одреден плафон кој што не можат да го пробијат најспособните, најкадарните и  најстручните кадри. Граѓанскиот активизам е единствениот начин за  општеството да биде подобро место за живеење.“

Како што беше истакнато на промоцијата, во предизборието граѓаните ќе имаат можност преку еден нов, креативен начин да се запознаат со се’ она што ќе понуди како платформа граѓанската иницијатива под провокативниот слоган „ Че вреди“.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: