ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Наскоро, ќе се отвори спомен соба на Васил Иљоски во Крушево

747

Советот на општина Крушево на својата 3-та седница донесе одлука за отворање на спомен соба на писателот, драматург и есеист Васил Иљоски. Според одлуката спомен собата ќе биде сместена во горната училишна зграда. За опремување на спомен собата обезбедени се лични предмети од Иљоски кои се отстапени на општина Крушево, што е резултат на комунакацијата на градоначалникот Томе Христоски со семејството на познатиот драматург од Крушево .

„Ова е еден мал гест кон Васил Иљоски. Овој крушевчанец остави многу дела и со својот живот остави траен печат. Отварањето на спомен собата е добар почеток за зачувување и промоција на ликот и делото на Иљоски“, изјави претседателот на советот на општина Крушево Андреј Николоски.

Васил Иљоски е познат драматург, писател и есеист. Тој е роден во Крушево во 1902-ра година. Завршил Филолошки факултет во Скопје. Бил професор на Педагошката академија во Скопје. Член на МАНУ. Член на ДПМ од 1947 година.Починал во Скопје на 1 ноември 1995 година. Автор е на делата: Пиши, Панче (пиеска, 1947), Бегалка (пиеса, 1950), Чест (драма, 1953), Чорбаџи Теодос (комедија, 1962), Свадба (комедија, 1976). Интегрално неговото творештво е претставено во тритомниот Избор (1978) во кој се објавени: Бегалка, Чорбаџи Теодос, Чест, Кузман Капидан, (прв том), Млади синови, Окрвавен камен, 2 : 1, Допирни точки, Свадба (втор том), научни и есеистички трудови (трет том).

Добитник на наградите: АВНОЈ, „11 Октомври“, „Кочо Рацин“, за книжевен опус на ИРО „Мисла“

Спомен собата, според одлуката, ќе биде управувана од страна на Домот на култура „Наум Наумовски Борче“ со асистенција на Здружение за угостителство и туризам и здружение „Хумани односи“.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: