ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Прилепските каратисти од Бонсаи ќе ја претставуваат Македонија на Балканското Првенство во Црна Гора (ФОТО)

Прилепските каратисти ќе атакуваат на медали во соседството

264

Каратистите од карате клубот ,, Бонсаи “ од Прилеп , Софија Димеска, Софија Крстевска, Иво Качаков, Леонид Белески, Глигор Иваноски, Марио Ангелески и Цвете Миланоска, ќе ја претставуваат нашата држава на Балканското Првенство во Карате ( во кати и борби ) кое ќе се одржи во Бар, Црна Гора од 26-ти мај до 28-ми мај. Тие исминатиов период максимално се подготвуваа заедно со своите ментори, тренерите: Дамјан Ристески и Валентина Пурдеска.

Ова е уште една можност за прилепските карате надежи да успеат не само да ги соберат симпатиите на ова балканско првенство туку и со својот професионален пристап да успеат да донесат и медали за својата земја , за својот град и за својот клуб , карате клубот Бонсаи кој редовоно и на домашна и на меѓународна сцена бележи одлични резултати.И како се вика на крајот “НАПРЕД НАШИ” СРЕЌНО!

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: