ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Се дефинира програмата за рехабилитација, ресоцијализација и реинтеграција на осудени лица

449

Центарот за граѓанска иницијатива Прилеп ја реализира првата фаза од проектот „Пост пенална програма за рехабилитација, ресоцијализација и реинтеграција на осудени лица“. Станува збор за иновативен проект кој што опфаќа мултисекторски пристап со оваа граѓанска иницијатива која што треба да ги прецизира постапките за успешна реинтеграција и социјализација на осудени лица по извршување на казната затвор.

Во рамките на проектот, се формираше Работно тело со претставници на институции, стручни лица и организации релевантни за поставената цел, од  Казнено поправен дом Прилеп, Меѓуопштински центар за социјална работа Прилеп, невладини организации, медиуми и од бизнис секторот. Деновиве се одржа работилница за подготовка на работната верзија на програмата за работа за создавање Методи на програмата (административни, економски, нормативно – правни, организациски, социо – психолошки, морални и етички методи) – Правна и институционална поставеност. Идејата е изготвената програма да биде пример и за останатите Казнено поправни домови во Македонија за работа со осудени лица и нивна реинтеграција и социјализација по отслужување на казната затвор.

Проектот ќе се одвива во неколку компоненти, како што вмрежувањето на осудените лица со приватниот сектор кој после излегувањето од отслужувањето на казна затвор, потоа опремување на еден кабинет, браварска работилница со ИТ опрема со цел осудените лица кои се при крај во отслужувањето на нивната казна да може да се обучат и да станат поконкурентни на пазарот на трудот по излегувањето и отслужувањето на казната и да може веднаш да се ресоцијализираат и да се вклучат во општествениот живот.

Во браварската и ИТ работилница во Прилеп кои се во подготовка ќе бидат вклучени до 10 лица, претежно лица кои се осудени на затворен третман без можност за користење погодности за излегување од затворот. Проектот  „Пост пенална програма за рехабилитација, ресоцијализација и реинтеграција на осудени лица“ се реализира со финансиска поддршка од ЕУ во период од 2022 до 2025 година.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: