ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

ДЕСПИНА ГО „ГУБИ“ ЛЕВИОТ БЕК – ЦВЕТКОСКА СЕ СЕЛИ ВО ПЕЛИСТЕР

415

Ракометарката на ЖРК Деспина, левиот бек , Сања Цветкоска, реши да го напушти прилепскиот состав и да се пресели во соседството , во екипата на ЖРК Пелистер.

21-годишната ракометарка со раководството на Пелистер потпиша едногодишен договор и е првото засилување на екипата на Пелистер. Инаку, Пелистер минатогодишнава сезона играше во плеј-оф фазата во Женската лига, но не успеа да направи поголем чекор и сезоната ја заврши на 8. позиција на табелата, додека, пак , прилепска  Деспина  се најде едно место погоре на 7. позиција.

Во меѓусебниот, последен дуел кон крајот на мај, во  спортската сала „Боро Чурлевски“ Пелисер го добија пелагонискиот двобој против Деспина, триумфирајќи со три гола разлика, 20:17, во натпревар од 13.коло во плеј-оф фазата во Женската лига.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: