ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Деспина декласирана и елиминирана од ЕХФ Купот

ЕХФ Куп (Жени)

690

Ракометарките на ЖРК Деспина експресно го завршија своето европско деби во ЕХФ Европскиот куп, откако и вторпат загубија од Скара (38-15). Ракометарките на  Прилеп двомечот го одиграа на гостински паркет во Шведска, па со вкупни 75-25 беа декласирани од домаќинките, во првата рунда на ова натпреварување.

Попладнево, тие го  одигра реваншот од 2. коло на ЕХФ европскиот куп . Многу поквалитетниот и поискусен домаќин победи со 38:15 (22:7), така што оди во 3. коло. Но, на овој меч прилепчанките имаа подобрување од 4 гола, за разлика од вчерашниот, на кој загубија со 27 разлика (37:10).

Скара поведе со 8-0 пред да го прими првиот гол, а потоа дојде и до огромни 18-3. Предноста од 15 гола на Швеѓанките фигурираше и на полувремето, кога Деспина имаше негатива од 22-7. Работите не се променија ниту по паузата, бидејќи домашните не отстапија од својата игра и предноста продолжи да се зголемува. Скара успеа да победи на овој натпревар со највисоките +23, па на убедлив начин ќе го продолжи натпреварувањето во Европскиот куп.

Со десет погодоци Евелина Стром беше најдобра на теренот, додека седум даде Фелбер. Кај ЖРК Деспина пет пати реализираше Сара Богојеска, три гола даде Гулеска, а по два Камческа и Бечирхоџиќ.

Тренерот Страшо Илиески го имаше овој состав: Гулеска 2, Ел. Рипилоска, Ев. Рипилоска 1, Камческа 2, Цветкоска, Спиркоска, Ристевска, Димитрова, Петреска 1, Богојеска 5, Бечирхоџиќ 2, Чурлиновска, Еленин 2, Цаневска , Седлоска, Миноска.

Во салата Идротсхален имаше 205 гледачи. Влезница за еден меч чинеше 150 шведски круни (925 денари), а за двата меча 200 шведски круни (1234 денари)

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: