ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Кривична пријава поднесе ОК на ВМРО ДПМНЕ против градоначалникот Јованоски

1.239

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, денеска до Основното јавно обвинителство во Прилеп, поднесува кривична пријава против градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски, во врска со избор на идејно решение за театар во Прилеп, информираше на прес конференција кандидатот за советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Прилеп, Марјан Костадиноски.

„ Центарот за Култура Марко Цепенков и Тетарот Војдан Чернодрински како составен дел од него се во директна надлежност на Министерството за култура и ако некој бил надлежен и требало да распишува конкурс за идејно решение, тоа е министерството за култура.

Обвинителството ќе треба да се позанимава со наводите во кривичната пријава и целосната доставена документација од наша страна.

Илија Јованоски во меѓувреме нека одговори пред јавноста во кое својство донел одлука за распишување на Конкурс за избор на идејно решение како посебна постапка со доделување на награди за Театар на дел од дом на култура „Марко Цепенков“ во Прилеп ако се има предвид горенаведата надлежност по однос на ова прашање? Во кое својство донел одлука за избор на идејно решение како и Доделување на награди по Конкурс бр.2-2018 за Конкурс за идејно решение за театар на дел од домот на култура „Марко Цепенков“ во Прилеп?

Во врска со овој конкурс, доделени се парични награди и тоа за првонаградените во висина од 100.000 денари, а за второнаградените 60.000 денари, пари од граѓаните. Тоа што подоцна се изведувани некакви правни гимнастики со ова идејно решение, ќе си го доиспитаат надлежните органи“, рече Костадиноски.

https://www.facebook.com/okprilep/videos/396035621993878

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: