ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

НЕКА НИ Е ЧЕСТИТ ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА – 8ми СЕПТЕМВРИ!

271

Во мое лично име и во името на Локалната самоуправа на Општина Прилеп, на сите граѓани им го честитам 8 Септември, Денот на независноста на Република Македонија.
Почитувани сограѓани, со намера да бидеме свои на своето, ние македонските граѓани на 8 септември 1991, одговорно, храбро и решително го остваривме вековниот сон за слободна, независна и суверена Република Македонија.
Празнувајќи денес, исто така оддаваме почит на сите херои од нашата голема и богата македонска историја, затоа што сите тие се оние кои што ги поставиле темелите врз кои што опстојува денешната современа Република Македонија, а посебно во овие исклучително бурни времина за македонската држава мораме да останиме цврсти на браникот на татковината!
Секоја генерација има своја битка и свои победи кои треба да ги извојува!
Сега е време сите да покажеме дека сакаме да живееме во просперитетна и демократска Република Македонија.
Нека ни е вечна Република Македонија и нека ни е честит Денот на Независноста!

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: