ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Ноќеска опожарени 2 возила на прилепскиот пратеник Петар Ристески

746

Ноќеска 2 часа по полноќ во ТППЕ Прилеп бил пријавен пожap на автомобил на ул. “Цар Самоил”. Екипа со тројца пожарникари излегла на терен и за брзо време пожарот бил ставен под контрола. Пожарот избувнал околу 1 часот и 45 минути, опожарени биле две возила,  во сопственост на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп, Петар Ристески. Засега нема информации кој и поради која причина го подметнал пожарот, останува тоа да го открие истрагата на МВР. Во информацијата од СВР Битола стои:

На 20.07.2022 во 01.45 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Цар Самоил“ во Прилеп настанал пожар во патничко моторно возило „шкода кодиак“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на П.Р.(45) од Прилеп. Од пожарот било зафатено и патничко моторно возило „пежо 206“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на неговиот татко Б.Р. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп, а повредени лица нема. Увид извршила увидната екипа на ОВР Прилеп и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: