ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

По 22 години на спортскиот аеродром слета едрилица

770

Кога се има желба и знаење, кога се има ентузијазам, се преминуваат и препреките. Ова, важи за сѐ, а најмногу за спортот. Денеска убава вест пристигнува од тимот кој што неуморно работеше на возобновување на Спортскиот аеродром Прилеп кај Мало Коњари, кој што долги години беше запоставен и неупотреблив за аероспортови.

Но, напорите на тимот предводен од професорот Ѓорѓи Манчески, инаку вљубеник во воздухопловните спортови, вродија со плод :за прв пат после 22 години на Спортскиот Аеродром Прилеп слета Едрилица. Според објавата на социјалните мрежи станува збор за модел ASK-21 Mi (композитна моторна едрилица) во сопственост на Ѓорѓи Манчески.

Изминативе неколку месеци претходеа подготовки на пистата и објектот  на аеродромот, како и обезбедување на потребните лиценци од надлежните институции.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: