CSS Template

Ташко Каранфиловски – енергија која ја освојува македонската публика

1.000

„Музички филиграни“ со прекрасни луѓе, моменти кои не се забораваат со мелодии за незаборав. Таше Каранфиловски од Ресен, заедно со пријателите Саше Петковски од Битола и Николче Талевски од Могила приредија богата дружба со нашите радио пријатели.
Гостувањето во емисијата беше и најдобра прилика за промоција на новиот албум на Таше Каранфиловски, естраден уметник познат по својата хуманост, вродена способност за комуникација, пријателство, момче ѕвездаллија. И не случајно тој настапува со двајцата свои пријатели Саше и Николче кои беа негова придружба во емисијата Музички филиграни, зашто тие сите тројца се неповторливо трио и по музиката која ја создаваат и по енергијата која ја зрачат.
Во продолжение проследете ја емисијата Музички филиграни која се емитуваше во живо на нашата програма на 27 септември, а можеа да ја проследат нашите пријатели на фејсбук фан страната на Radio Pela 96,8 FM.

Ја претставуваме најновата песна на Таше Каранфиловски „Дојди ми Љубице“

 

Воедно ви ги претставуваме некои од видео изданијата на Таше Каранфиловски

„ Музички филиграни“се емитува секој четврток во живо во 20 часот.
Репризните изданија на „ Музички филиграни“ се во истото време во сабота и во недела.


semm
Penata
Vivafarm
Farma Dolneni