ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Промоција на книгата „Денови со полна месечина“ на српската поетеса Витомирка Требовац

558

В сабота, на 25 јуни, во 19:30 часот, во кафулето Чоше во Прилеп ќе се одржи промоција на книгата – стихозбирка  „Денови со полна месечина“, од Витомирка Требовац,  препејувач Звонко Димоски, дизајн Ѓорѓи Десподов. „Денови со полна месечина“ е нејзиниот прв објавен препев на македонски јазик, којшто воедно е втората книга од едицијата „Женска Балканска Рурална Поезија“, реализирана во рамките на Проектот РЕАД – Регионална Мрежа за Културна Разновидност“, финансиран од Европската Унија.

Лани беше издадена првата книга од едицијата, односно „Мојата мајка знае што се случува по градовите“ на српската поетеса Радмила Петровиќ.

Витомирка Требовац родена е 1980 година во Нови Сад и досега ги има објавено збирките поезија: Plavo u Boji (škart, Beograd, 2012), Sve drveće sva deca i svi bicikli u meni (LOM, Beograd, 2017) и Dani punog meseca (LOM, Beograd, 2020). Издвојуваме една од нејзините песни:

пустелија

во нашите тажни градови

сѐ помалку има дрвја

и сѐ помалку има кафани

во кои можеш да отидеш сам

сѐ помалку има луѓе

во нашите тажни градови

одвреме-навреме

седнуваме в кола

и се одвезуваме далеку

солен воздух ќе ни ги излечи нервите

читаме и забораваме на времето

јас носам и сламен шешир

кој навистина добро ми стои

но морам да заминам

многу далеку

за да го ставам на глава

во нашите тажни градови

речиси непристојно е да бидеш убав

или само јас така се чувствувам

кога ќе отворам прозорец

ветер ја голта косата

и тажниот град зад нас

останува во ретровизорот

се смееме сами на себе

бегство од животот

но брзо ќе се вратиме

во оваа пустелија

зошто токму тука и припаѓаме.

Регионалниот ЕУ проект Регионална мрежа за културна разновидност – РЕАД има за цел да промовира вештини за читање меѓу рaзличните култури и демократски вредности преку зголемување на интересот за читање, ставајќи на располагање висококвалитетни книжевни дела од регионот. Проектот го спроведува Гете-институт Скопје заедно со партнерските организации: Центар за балканска соработка – Лоја (Северна Македонија), Instituti i Librit dhe i Promocionit (Албанија), Kalem Culture Association (Турција), Association Krokodil Krokodil (Србија) и Qendra Multimedia (Косово). Проектот е финансиран од Европската унија.

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: