ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

(ВИДЕО) БАБУНСКИ: САКАМЕ ИГРА СО КОЈА ЌЕ СЕ ГОРДЕЕ ПРИЛЕПСКАТА ПУБЛИКА!

479

Фудбалскиот прволигаш Победа попладнево го имаше првиот собир на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп. Новиот шеф на Стручниот штаб Бобан Бабунски одржа средба со Управата, помошниците-тренери и фудбалерите. Додека траеше состанокот во клупските простории, група на најзагреани навивачи дојдоа на стадионот да ја дадат поддршката и да потврдат дека Прилеп и денес живее за Победа. Во една позитивна атмосфера беше најавено дека подготовките ќе бидат напорни, со по два-три тренинга дневно. Покрај претпладневен и попладневен, можен е и ноќен тренинг под рефлектори. Во планот се и повеќе пријателски мечеви, со силни ривали: Брегалница (5 јули), Работнички (13 јули) Струга (23 јули), како и на традиционалниот турнир ,,Вуко Каров„ во Кавадарци на крајот на јули. Во врска со играчкиот кадар, приоритет е задржувањето на досегашните првотимци (заминат е само Дарко Анѓелески во Силекс), приклучувањето на најдобрите од младинската шампионска екипа, а таму каде е потребно да се доведат засилувања.

 

ГОЛМАНОТ ЈОВАНОСКИ СЕ ВРАЌА?

 

Меѓу фудбалерите имаше и неколку нови. Го забележавме голманот Ѓорѓи Јованоски, кој е дете на Победа, но повеќе години настапува во други клубови, последно во виничка Слога. Дали се враќа во матичниот клуб ќе се знае деновиве. Се зборува дека и други прилепчани се заинтересирани за враќање.

ОБРАЌАЊЕ ДО ЈАВНОСТА

По првиот клупски состанок, Бобан Бабунски одговoри на серија новинарски прашања. Меѓудругото, тој рече: ,,Некогаш работите се спојуваат кога имаме исти интереси, иста цел – млади играчи да се креаираат, да стигнуваат до репрезентативните селекции. Дел од овие деца во Победа стонасто сум сигурен дека ќе ги гледаме токму во тие национални тимови и ќе направат добри кариери.“

Целиот разговор може да се гледа на овој линк:

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: