CSS Template

Фестивал на новиот германски филм

47
Avtokontrol1

Во Прилеп од 16  до  18 мај  2019 во кино Мис Стон при НУЦК„Марко Цепенков“ ќе се одржи  14 – то издание на Фестивалот на новиот германски филм. Драма, трагикомедија и комедија, семеен, детски и кратки филмови  е иборот за годинашниот Фестивал, што ЦК „Марко Цепенков“  го реализира во соработка со Амбасадата на Сојузна Република Германија.

Отворањето на фестивалот ќе биде, утре,четврток,16.мај од 20.00 ч.,со  филмот комедија  „100   работи”, во режија на Флориан Давид Фиц.

Наредните два дена, во петок и во сабота ќе се прикажат три детски филмови, три играни и ќе има проекција на кратки филмови.

Филмовите се грижливо избрани  со цел да задоволат многу вкусови, а некои од нив   се  навистина   ексклузивни   со  постигнат огромен  успех  на   филмските фестивали. „ Еден од филмовите беше и во конкуренција за наградата „Златна мечка” на престижното Берлинале„  – велат  од Германската амбасада.

Фестивалот ќе го отвори филмот насловен „100 нешта“ /комедија/, а на фестивалот  ќе бидат прикажани филмовите „Тоби и тајната на нашата планета„ / филм за деца/,  „Тим   Талер   или   Продадената   смеа“/   семеен драма/филм за деца/, „ Во   време   на   намалена   светлина“/ драма,комедија/,„Патување во Ерусалим“/драма/„ Помош, ги смалив моите родители“/ филм за деца/ кој ќе се емитува в сабота во 11,оо ч, Пакет кратки филмови“ од 20.00 часот  и во 22,оо ч филмот,   „ Крајот на вистината“ / трилер,драма/,со која ќе  се затвори 14 – то издание на Фестивалот на новиот германски филм во Прилеп.

 

 

 

 

 

 

 

Ciflik
Farma Dolneni
Vivafarm