CSS Template

Сопствена микро клима создава австралиската огнена катастрофа

552
Avtokontrol1

Пожарите во Австралија сега се толку големи што создаваат свои временски услови, своевидна микро клима која дополнително ја отежнува состојбата. Облаците од чад се толку гломазни и моќни, така што создаваат гигантски грмотевици и огнени торнада, кои што започнуваат уште повеќе пожари, тврди Бирото за метеорологија во Викторија.
Денеска, како и што се очекуваше, беше најтоплиот и најкритичниот ден досега од почетокот на кризата со пожарите. Небото, дење, зацрвенето и темно без сончева светлина во областите на југо-источна Австралија бидејќи силните налети од ветровите ги засилија пожарите.

Температурите надминаа 40 ° во некои области. Во Пенрит, западно од Сиднеј, температурите достигнала до 48,9С. Некои извештаи посочуваат дека некое време ова градче било најжешкото место на Земјата.
Пожарите нанесуваат сериозни штети на системот за пренос на електрична енергија, од како биле уништени две трафостаници во Нов Јужен Велс, заканувајќи се и на електричната мрежа во најголемиот град во Австралија, Сиднеј.

Под заканите од огнената катастрофа Министерството за одбрана на Австралија ги отвори вратите на воените бази од Бризбен до Аделаида за спасување на луѓето под закана.
Најлошото доправа се очекува, бидејќи температурите растат, а нема најави за дожд или намалување на температурата.

semm