CSS Template

Велосипедист и тракторист се здобиле со тешки повреди

109
Avtokontrol1

На регионалниот пат Прилеп – Крушево вчера во 16:40 часот патничко моторно возило „Фолксваген Венто“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Р.У. (71) од прилепското село Славеј, удрило во велосипед управуван од неговиот соселанец А.Р. (71).
Како што соопшти полицијата, во незгодата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Градската општа болница во Прилеп за укажување на лекарска помош.
Извршен бил увид на местото на незгодата од екипа на Полициската станица од Прилеп.
Во Полициската станица Прилеп било пријавено дека во атарот на с.Мало Коњари, прилепско, вчера утрината М.Д.(79) од с.Мало Коњари, паднал од трактор и се здобил со тешки телесни повреди.
-Тој бил пренесен во Градската општа болница Прилеп за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.
Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Прилеп.

Vivafarm
Farma Dolneni