ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Досега познати 4 имиња на кандидати за градоначалници за Прилеп, привршува собирањето потписи за независни листи

1.547

Според роковникот на Државната изборна комисија заклучно со 30 август завршува собирањето потписи за независни листи за градоначалници и членови на совет. До тогаш, подрачните одделенија и канцеларии на ДИК работат секој ден од 8 до 20 часот. На 27, 28 и 29 август ќе работат до 21 часот, а на 30 август до 24 часот.

Досега, за Прилеп од независните листи за градоначалници и членови на совет во подрачното одделение и канцеларии на ДИК собрани се потписите за  Група избирачи Жарко Стеваноски, кандидат за градоначалник на општина Прилеп и Група избирачи Дарко Конески, листа на кандидати за членови на совет на општина Прилеп.

Паралелно партиите ги објавуваат кандидатите за градоначалници, иако крајниот рок за тоа е 11 септември. За Прилеп досега се познати 4 имиња кои влегуваат во трката за градоначалник.

Најпрво опозициската ВМРО ДПМНЕ го кандидираше д-р Борче Јовчески. Неодамна граѓанското движење  ЛДП – ДОМ го обелодени името на Славе Петрески како кандидат за градоначалник за Прилеп.

Додека пак владеачката СДСМ во трката за локалните избори ќе настапи со Горан Сугарески, според одлуката на Извршниот одбор на партијата.

Инаку, рокот за поднесување на листите од политичките партии е до 11 септември.  Тече и рокот за увид во Избирачкиот список, кога граѓаните во подрачните единици на ДИК или преку апликацијата на нивната веб страна можат да ги проверат своите податоци, а потоа доколку има неправилности и да достават барања за нивно корегирање или впишување. Увидот во Избирачкиот список завршува на 9 септември.

Изборната кампања за првиот круг започнува на 27 септември на полноќ и завршува на 15 октомври на полноќ.

Локалните избори се закажани за 17 октомври, а ќе се одржат со протоколи за заштита од ширење на Ковид-19. Вториот круг треба да се одржи на 30 октомври.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: