ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Меѓународниот ден на слободата на медиумите, 3 Мај – „Како ли работам новинарство?„

624

Новинарството денеска можеби е омилена професија, но не атрактивна, особено не во локалните заедници.  Каков е економскиот, општествениот статус и правата на локалните новинари, на медиумски работници?! Нашата плата е минималната плата во државата,  немаме колективен договор со загарантирани социјално економски права,  поради слабата платеност за извршениот труд и постојаната неизвесност за опстанок, најмладите професионални новинарски кадри во локална заедница се над 4 тата деценија од својот живот,  а младите не се впуштаат во оваа професија, најмалку на локално ниво, односно  ,,не – во локалните медиуми“.

Локалното новинарство, преку кое граѓаните треба целосно да се информираат за локалните случувања, одамна е потонато! Расцепкани, еден човек – еден медидум, со недостиг на медиумски кадар, во економската не издржливост, недостиг од редакции кои би истражувале, информирале и би ги следеле локалните случувања на сите полиња,  во ситуација кога локалните медиуми зависат исклучиво од „добрата волја“ на стопанствениците во општината каде делуваат ,,тие заедно, со кадарот, тивко умираат“… Така живее или „крпелка“ локалното новинарство,  кое треба да биде креатор на јавното мислење во задницата,  да се бори за правичност, отчетност и транспаретност на локалните политички структури,  да создава можност за јавно говорење и да креира професионални вредности и демократски принципи во заедницата, да едуцира, поттикнува, охрабрува и да ја истражува вистината. Но…локалното новинарство, под прангите на економската и кадровската немоќ, одамна нема сила за тоа.

Локалното новинарство – со него денеска може секој да се бави,  иако тоа е занает, која треба да се изучува, да се гради и надоградува, да се  усовршува да биде корисен на заедницата, објективно и навремено да врши информирање на граѓаните, без сензации и шпекулации, без политички памфлети и пр -текстови. Но, ова се чини е некое ново време за медиумите….

 Во новинарските води запливав во 90-те години, од студии по новинарство во локалниот медиум, печат, радио и телевизија. Беше тоа време кога новинарските норми и нормативи (навременост, точност, објективност, провереност на информациите..),  не можат да не се почитуваат; Кога уредникот го проверуваше секој напишан збор и реченица, пред да замине во етер, кога лекторот не дозволувеше да си „играме“ со дијалекти, а да не го применуваме македонскиот литературен јазак, (не е куПАТИЛО, е каПАТИЛО..ќе пречкрташе… итн.); Кога во текстовите беа, додавани и одземани зборови „ додека да стигнат во објава, заради правилен редослед на проширената реченици, заради јасност, квалитет на текстот; Кога со машината за пишување, 5/6 пати ќе се корегира текстот, за без грешка да „стигне“ до спикерот (официјалниот спикер на локалниот медиум, машки и женски глас,) да го прочита, пак, со дикција и акцент кои одговараат на нормативниот македонски јазик;  кога ќе бидеш пофален за убаво напишаниот текст …. итн.

Но, не само почит кон професијата и јазикот, тоа беше време на респект и кон новинарите, зашто заедницата ги почитуваше, го почитуваше секој кажан збор, респект кон колегите, уредниците, редакција, од кого учиш и се обидуваш да го „купиш“ занаетот, бидејќи едукацијата е едно, но практиката, бараше напор и примена на наученото од книга.

Беа тоа времиња кога новинарот беше личност респектиран од локалната заеднца, влијателен и ценет, со дигнитет и почит. Луѓе, кои работеа и обработуваа темелно во својата сфера: политика, култура, спорт… и се специјализираа до таа мерка што денес би биле експерти во таа област, на локално ниво. Веста беше релевантна ако се каже во медиум, а не, ако за неа се зборува во соседството или кажал продавачот во продавница или учителката во училиште.

А, денес се бориме да го зајакнеме новинарството. Се бориме за слобода на медиумите. На Светскиот ден на слобода на медиумите, што има за  цел да ја афирмира оваа професија и да укаже на неопходноста од зајакнување на новинарството, како да се враќаме назад.  Денеска јас барам начин како ја практицирам научената новинарска лекција во општествената заедница, да го споделам искуството, да ја почитувам публиката која бара квалитетна, точна и корисна информација и се прашувам како медиумот да ја добие својата слобота?! 

Без млад, едуцирани кадар, без финасиска слобода,  без финасиска поддршка на локалната заедница, нема новинарски независен локален медиум!  Резултатот, денеска по ова прашање е измачувачки и без одговор.

Денеска, повеќе компании, политички партии, дури и локалните власти имаат свои сопствени новинарски редакции, побогати и побројни, кои сакаат сами да одредат што да се објавува за нив. Денеска, стана многу тешко да се прави разлика меѓу медиум, новинарството, пропагадата и ПР.  Заборавивме  дека новинарството е јавно добро, кое треба да се бори за вистината и умее да издвои што е интересно и важно за граѓаните, гледачот, читателот или слушателот, а не “наметната пограба“ за политички партии, локални економски и политички моќници. Но, по се’ изгледа ова е уште една препрека која треба да се совладува во низата новинарски препреки денес, и да се извојува битка за слободни  и независни  медиуми…

Денеска работам во редакција, од двајца, во постојан „страв“ за егзистенционален опстанок, личен и на медиумот. Работам во секојдневна битка со новото квази-новинарство и квази медиуми кои никнуваат како печруки по дожд. И, во трката по информации и совладувања на лажни вести и информации, принудени како новинари, сам, во својот медиум да пишувааш за СЕ‘, од сите сфери на опшественото живеење, префлувајќи се од една тема на друга, од култура до спорт, од политика до здравство, па и временска прогноза,  (што е исцрпувачка, и  (не)возможна мисија,  неквалитетен пристап,… но пуста реалност).  И, во таквото локално „новинарско лудило“  смешкајќи си се себе си, понекогаш се потсетувам на дамнешната новинарска лекција дека новинарот е универзалец, „сезнајко и незнајко“, мисла поставена во 70 тите години од минатиот век!

А, новинарство е само известување базирано на факти, клучно за јавното добро за граѓаните. Но, денес и тоа е пречка. Локалното новинарство е во постајан притисокот на креаторите на јавно мислење и центри на моќ кои не’ гледаат и не’ третираат како непријателска сила третирајќи не’ најчесто како пречка или закана во нивните ставови и активности, а, третирајќи не’ под флоскулата “вие сте седма сила“. Во таквиот притисок локалното професионално, новинарство тешко може да се избори за квалитет и се’ повеќе станува професија во изумирање, која само малкумина се обидуваат да го одржат, со нивната донкиховска битка и верба дека ќе дојде денот на „зајакнување на новинарството, за подемократско и поквалитетно општество“.   

Честит нека ни е денот на Слободата на медиумите!

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: