ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Како ќе работат прилепските градинки од 9-ти септември?

590

Од 1500 деца кои ги посетувале шестте деттски градинки во Прилеп, само половина од нив, околу 600 деца ќе бидат згрижени на 9 -ти септември. Толкава е бројката на деца чии родители се изјасниле како самохрани, вработени, или дека двајцата родители им работат и не можат да отсуствуваат,но и капацитетот на градинките,кои треба да работат под строги протоколи за заштита.

Според протоколите за заштита од панедмијата бројот на деца е ограничен , до шест во јасли и 15  деца во поголеми групи.

Во четири населени места, пак,  во прилепската општина каде што им деттски градинки и се под „капата“ на Јавна општинска установа за деца Детска градинка „Наша иднина“- Прилеп“, никој од родителите не се изјаснил за престој на нивните деца во градинка, па тие ќе останат затворени.

Мерките предвидуваат децата пред да влезат во градинка да ги дезинфицираат обувките на влезот и да им се измери температура. Ако температурата е под 37, му се дезинфицираат рацете и детето влегува во градинката.

Градинките можат да започнат со работа, почитувајќи ги протоколите кој прецизно предвидува правила кои строго треба да се почитуваат со цел заштита на децата и вработените во градинките.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: