ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

При акциска контрола во Прилеп, приведени пет лица, 13 санкционирани возачи

599

Акциските контроли на министерството за внатрешни работи продолжуваат во Прилеп. Изминатата ноќ биле приведени пет лица и биле санкционирани 13 возачи, стои во соопштението од  СВР Битола: 

Во текот на изминатата вечер (10/11.08.2022), од страна на патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, Единицата за брзо распоредување, Посебната единица за поддршка, Единицата за интервентна полиција и Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп беа спроведени контроли на лица и патнички возила на подрачјето на Прилеп.
За време на контролите пет лица се лишени од слобода, од кои кај едно лице била пронајдена марихуана, три лица поради нарушување на јавниот ред и мир, а кај едно лице биле пронајдени шишиња со бензин во автомобилот што го управувал и истите биле сопственост на лицата кој го нарушиле јавниот ред и мир.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: