CSS Template

Две лица повредени при пукање од огнено оружје во угостителки објект во Прилеп

896
Avtokontrol1

 

     Две лица се повредени  при пукање од огнено оружје , во угостителски објект во Прилеп. На двете лица им е укажана медицинска помош во Прилепската болница, а полицијата трага по сторителите.

    Оод МВР  информират дека рано утринава,( ден 13 -ти 05, 2019) околу три часот, во СВР – Битола било пријавено дека во угостителски објект, во близина на железничката станица во Прилеп,имало пукање од огнено оружје.

     -Прилепски службеници излегле на местото на настанот каде биле затекнати две лица, едното со иницијали М.М.(43) од Прилеп и вториот со иницијали О.И.(28) од селото Лажани, Прилепско, со повреди на главите. Тие биле пренесени во Клиничката болница Прилеп каде им била укажана помош, –       наведуваат од МВР.

       Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Прилеп. Се уште се трага по сторителите за целосно расчистување на случајот, информираат од МВР.

Ciflik
Farma Dolneni
Vivafarm