CSS Template

Победа пред предизвик- одново да гради екипа!

188
Avtokontrol1

Испаѓањето од ПМФЛ за прилепска Победа претставува голем удар. Клубот уште не знае како, и со кои фудбалери ќе се натпреварува во ВМФЛ-Исток.

Младите таленти на прилепскиот фудбал Спиркоски и Трајкоски си заминаа во Македонија Ѓорче Петров, а клубот под Марковите кули го напушти и Александар Ристевски.

И , прилепскиот голман, младинскиот репрезентативец   Даниел Котески си замина од Победа и потпиша едногодишен договор со  Охрид.  Второлигашките возбудувања почнуваат на 24 август, а Охрид свој претставник, во оваа лига, ќе има по пауза од седум години.

Победа ја напуштија и браќата Наумоски. Марио Наумоски  е сериозно засилување на штипска Брегалница, а Тиквеш го договори Јорданчо Наумоски.  Во текот на минатата сезона 24-годишниот играч за врска беше еден од најдобрите во таборот на прилепска Победа.

Сега, прилепчани се соочуваат со голем предизвик, одново да изградат екипа која ќе се бори за врвот во второлигашката категорија.

Vivafarm
Farma Dolneni