ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

„Да си го исчистиме Прилеп“ кај вештачкото езеро, в сабота

795

Иницијативата за граѓански еко активизам, која  што започна скромно преку социјалната мрежа Фејсбук од вљубеникот во природата и голем интузијаст Виктор Петроски, веќе добива на поддршка и масовност од сограѓаните, прилепчани. После двете акции на Маркукуле и кај Селце, следната цел е  излетничката локација вештачко езеро Прилеп.  Повикот за масовно учество во акцијата е упатен од иницијативата Еко свест Прилеп, до сите кои што си го сакаат родниот град, поединци, здруженија, партии за што поуспешна еколошка акција в сабота на 24 ти април во периодот од неколку часа од 12 до 15 часот.

„Ајде да ја покажеме нашата свесност, доволно е филозофирање, ни треба акција. Заедничка Акција на сите заедно! Поканете ги сите свои пријатели и ајде да покажиме дека на сите ни е важен Прилеп. Неколку часа сите заедно да се собериме со ИСТА НАМЕРА – ДА СИ ГО ИСЧИСТИМЕ ПРИЛЕП.Многу јасно се виде дека со овие настани колективната свест расте! Ајде ова нека ни стани навика еднаш на две- три недели. Факт е дека само ни треба повторување и резултати ќе има неизоставно! СЕ АКТИВИРАМ, НЕ ФИЛОЗОФИРАМ,“ стои во повикот упатен до прилепчани.

Во првата акција на Маркови Кули се вклучија 50 тина вљубеници во природата, а втората иницијатива кај Селце, во близина на манастирот Свети Димитрија беше поддржана помасовно и поорганизирано од Извиднички одред Феникс, политичката партија Левица, FitnesStudioLadyFit, Joga Studio Samadi, од Витаминка, од прилепскиот клуб Ротари, Комуналец Прилеп и голем број на поединци

Спортско рекреативниот центар кај вештачкото езеро треба да  претставува зона на активен туризам, таму во тек се подготовките на пешачките патеки,

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: