ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Над 140 возачи казнети за брзо возење, регистрирани физички напади и пожар

676

На подрачјето на СВР Битола петокот и за време на викендот ( 25, 26 и27 јуни 2021) била спроведена засилена контрола во областа на сообраќајот, при што било констатирано дека 141 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената, 52 возачи управувале возило без возачка дозвола, девет возила биле со измината регистрација, пет возачи разговарале на мобилен телефон, 50 возачи управувале возило под дејство на алкохол и биле исклучени од сообраќај. За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.

Од полицискиот билтен и информацијата дека денеска 28.06.2021 во Полициската станица Прилеп, В.Б.(20) од Прилеп пријавил дека на ул.„Орде Тутески“ во Прилеп бил физички нападнат од Б.Д. и Х.Н.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 27.06.2021 во 19.30 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола-Ресен, патничко моторно возило „форд фокус“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.Р.(26) од Битола, удрило во пешак Г.Р.(46) од Прилеп. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил пешакот констатирани во Општата болница во Битола. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Битола.

На 27.06.2021 во Полициската станица Прилеп, А.Е.(26) од Прилеп пријавил дека во населба „Три багреми“, по кратка вербална расправија, бил физички нападнат од Ф.Н.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 27.06.2021 во ОВР Прилеп било пријавено дека во с.Десово настанал пожар во помошна просторија сопственост на Ф.А., при што целосно изгорела дрвената кровна конструкција и други предмети. Пожарот бил локализиран од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп. Увид извршила екипа од Полициската станица Прилеп.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: