CSS Template

КОВИД 19 ПРЕДИЗВИК: Сложувалките како креативна алатка и донација од Ерика, Наја и Марија

556
Avtokontrol1

Дека времето и дома, во карантин, може да се помине креативно, се доказ трите девојки од Прилеп кои со идејата да бидат ангажирани во слободното време кое што секој од нас го има во изобилие, можеби ќе поттикнат донаторски акции за користење на слични алатки во овој период. За што станува збор? Ерика, Наја и Марија почнале со редењето на сложувалки, со цел да го пополнат креативно периодот за излегување во чаршија, или дружење со пријателите кој што сега е практично невозможен.

– Ние сме две другарки и братучедка, кои времето во целокупната состојба на државата почитувајќи ги препораките и мерките од Владата одлучивме времето да го ,,потрошиме“ креативно и хумано, велат Ерика, Наја и Марија.

Девојките карантинот го започнале со тоа што купиле најпрво 2 сложувалки со 1 000 пазли, сметајќи дека ќе се доволни за креативна занимација, и потполнување на слободното време, кое сега речиси и сите го имаме. Тие успеале за кратко време да наредат 2 сложувалки. Но, младоста, и актуелниот период можеби се дополнителен поттик за донација, па одлучиле да бидат хумани и ги подариле во Домот за стари лица во Прилеп.

Интересно е што приказната не завршува тука…
Девојките имале порив да продалжат со сложувалките, и покрај работните обврски на Ерика со online предавања, училишните online обврски на Наја, и работните обврски на Марија. Купиле уште 3 нови сложувалки со детска-едукативна тематика, кои со полна пареа ги работат, а истите ќе ги донираат во Центарот за деца со посебни потреби ,,Ѕуница“ во Прилеп. Ќе кажат дека откако ја добиле идејата за да ги донираат, мотивот за работа им е уште поголем, со тоа што се стремат во што побрз период да ги сработат. Во времето на нивната работа знаат да им се приклучат и останатите членови од семејството, кои на некој начин им претставува предизвик и нив да ја најдат соодветната пазла.

– Се надеваме дека со нашава идеја ќе допреме до останатите млади, кои ќе бидат ем креативни, ем хумани, и во поголема мера ќе ги почитуваат мерките и препораките од Владата, за наше добро, вели Ерика, која што е сигурна дека е ова само почеток за и останатите млади да го разбудат креативното во себе. „
„Хуманоста?! Тоа несомнено е дел од сите нас“, сигурни се девојките.

#седисидома
#бидикреативен
#бидихуман
#слушајгоВенко

semm
Vivafarm
Farma Dolneni
Semafor
seishin